Ѓоковиќ не издржа и се расплака поради Федерер (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер вчера го одигра последниот натпревар во кариерата, откако во двојки настапи заедно со Рафаел Надал против Џек Сок и Френсис Тиафо на Лејвер Купот.

Минатата ноќ беше навистина емотивна затоа што ретко кој можеше да ги запре солзите поради Федерер кој си замина во пензија.

Плачеше најпрво Надал, а не издржа ниту српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој заплака поради легендарниот швајцарски тенисер.