Ѓоковиќ ја отвори душата: Помислив на крај…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју за српските медиуми зборуваше за Роџер Федерер и Рафаел Надал, неговите пријатели и ривали, но и за крајот на кариерата.

Ѓоковиќ кажа дека помислил на натпревар за збогување додека го гледал емотивното заминување на Швајцарецот.

„Помислив на тоа како тој се збогува со тенисот, како би било убаво и јас да ги имам најголемите ривали на моето збогување. Дефинитивно би сакал да бидат пријателите и ривалите покрај мене, сите кои ја одбележаа мојата кариера“, кажа Ѓоковиќ.

Сепак, рано е за заминување во пензија и Србинот сигурно ќе го брка рекордот на Надал, кој има 21 гренслем-титула.