Тасевски: Многу сум разочаран од навивачите, не требаше да ја исвиркуваат бугарската химна


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски кој живее во Бугарија за бугарските медиуми кажа дека е разочаран од навивачите кои ја исвиркуваа химната на нашиот источен сосед.

Тасевски во изјава за бугарски „Дспорт“ кажа дека не е добро тоа што во Скопје се исвиркувала бугарската химна и смета дека тоа не е став на поголем дел од граѓаните на Македонија.

„Бев на двата меча, и во Скопје и во Разград. Разочаран сум од тоа што се случи во Македонија, верувам дека тоа не е став на мнозинството граѓани. Во Разград немаше таков однос кон македонската химна. Го осудувам тоа што се случи. Сигурен сум дека на следен меч меѓу овие две селекции нема да се случи нешто слично“, вели Тасевски.