Реал Мадрид троши 60 милиони евра на ново „чудо од дете“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шпанскиот гигант во претходните години ги ангажира Винисиус Жуниор и Родриго, кои се покажаа како одличен погодок, па сега на листата со желби на Реал Мадрид се наоѓа Ендрик Фелипе.

Фелипе има само 16 години и важи за еден од најголемите бразилски таленти во моментов, а го носи дресот на Палмеираш и игра на позицијата напаѓач.

Голем број европски клубови се заинтересирани за неговите услуги, но „кралевите“ се подготвени да платат до 60 милиони евра за негов трансфер.

Реал сака да го обезбеди потписот на Фелипе, кој треба да биде решение за иднината кога Карим Бензема ќе замине во пензија, но за да се пресели Бразилецот во Мадрид ќе мора да почека уште две години, односно да стане полнолетен.