Ристовска: Имаме напредок и се надевам дека ќе го покажеме на првенството


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска денеска беше на прес-конференција по повод Европското првенство (ЕП) за жени, кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември годинава.

Македонската женска ракометна репрезентација во прелиминарната фаза ќе настапи во рамки на групата Ц, заедно со Холандија, Романија и Франција.

Ристовска се заблагодари на Ракометната федерација на Македонија што на Македонија како една од земјите домаќини и овозоможила настап на едно големо натпреварување.

„Дел од репрезентацијата сум веќе 10 година, игравме претквалификации и квалификации, но никогаш не сме биле на првенство. Големо благодарам до РФМ шот ни овозможи и го прифати предизвикот да бидеме дел од ЕП. Има подмладување во репрезентација и многу е полесно затоа што со селекторот Савевски се гледа напредок, дел од кадетките се сениори. Се надевам дека напредокот кој го имаме ќе се покаже на првенството“, изјави Ристовска.

Фото: РФМ