Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека шпанскиот шампион бил оштетен во мечот против Хетафе (1-0) во осмото коло од Ла Лига.
Анчелоти беше задоволен од победата, но не и од судењето на натпреварот, кое го оштети гигантот од Мадрид и можеше да влијае дополнително на резултатот.
„Ја имавме контролата на играта. Очигледно ни помогна тоа што стигнавме до рано водство, но не можевме да го решиме порано мечот. Неизвесноста ја задржавме до крај. Не ни беше досуден пенал, а потоа ни поништија гол. Сепак, ја исполнивме нашата задача во одбраната“, кажа Анчелоти.
Голот за победа на шпанскиот гигант го постигна Еден Милитао во првото полувреме од дуелот, па сега Реал е прв со 22 бода, односно три повеќе од Барселона.