Бразил остана без својата „деветка“ за Мундијалот во Катар!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем славеше против Евертон и така се искачи на третото место во Премиерлигата и го држи чекорот со одличните Арсенал и Манчестер сити, но сепак Антонио Конте остана без услугите на бразилскиот напаѓач Ришарлисон.

Ришарлисон заработи повреда на листот на ногата и поради тоа го чека долга пауза, по што Бразилецот кажа дека тоа може да влијае на неговиот настап на Мундијалот во Катар.

Бразилскиот напаѓач в понеделник треба да оди на дополнителни тестови, по кои ќе знае што се случува со повредата и колку време ќе паузира.

„Чувствувам болка додека се движам. Блиску е Мундијалот, остана само еден месец, а сега морам да одам на рехабилитација и не знам кога ќе се вратам на терените“, кажа Ришарлисон.