Анчелоти направи нешто што ретко се гледа во фудбалот пред „Ел Класико“

Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува почетокот на првото „Ел Класико“ кое се игра во Мадрид, каде што Барселона му гостува на Реал.

Двете екипи се во одлична форма и немаат пораз во Ла Лига, па ова ќе биде еден од најинтересните натпревари денеска, а пред мечот тренерот Карло Анчелоти направи нешто несекојдневно.

Анчелоти дури два часа пред почетокот на мечот ги откри своите фудбалери, а тоа не се случува често во светот на фудбалот, но Чави не падна на тој потег и реши да почека малку пред да ги избере своите 11 играчи.

Тренерот на Барселона го откри својот состав на еден час пред почетокот на мечот, а интересно е тоа што на позицијата десен бек ќе игра Серхи Роберто од првата минута.