„Кралевите“ се главни во Шпанија: Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ против Барселона (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше во големото дерби против Барселона со 3-1 во деветтото коло во шпанската Ла Лига и така му избега на големиот ривал на врвот на табелата.

Два гола од страна на „кралевите“ беа постигнати во првото полувреме, и тоа најпрво Карим Бензема ја затресе мрежата на Марк-Андре Тер Штеген, по што Федерико Валверде со одличен удар од голема далечина зголеми на 2-0.

Барселона беше подобар противник во второто полувреме, а гол за 1-2 постигна дури во 83. минута кога Феран Торес ја затресе мрежата на домаќинот по асистенција на Роберт Левандовски, додека победата на Реал ја потврди Родриго од пенал во 92. минута.

Реал Мадрид има 25 бода на првата позиција, по што следи Барселона со 22, а на делба на третата позиција се Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.