Челси будно ја следи ситуацијата: Преговорите на Милан и Леао станаа – сапуница!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Спортмедиасет“ пишува дека Милан долго време се обидува да потпише нов договор со Рафаел Леао, но тоа веќе стана како сапуница, па Челси од позадина чека вистински момент да тргне по одличниот Португалец.

Преговорите со Милан ги водат две лица, а тоа се неговиот агент Жорж Мендеш и францускиот адвокат Тед Димвула, а во целата приказна се вклучи и Спортинг Лисабон кој бара 19 милиони евра од Леао како отштета за неговото заминување во Франција.

Леао заработува само 1,5 милиони евра годишно во моментов, а Милан наводно му нуди четири пати повисока плата, односно шест милиони евра плус бонуси.

Талентираниот фудбалер има договор до 2024 година, а Милан се обидува да стават потпис на нова соработка пред почеток на Мундијалот во Катар.