„Земјотрес во Аргентина: Ривер плејт ги „почести“ Бока јуниорс со титула! (Видео)

Фудбалерите на Бока јуниорс минатата ноќ ја освоија титулата во Аргентина, но никој не очекуваше такво нешто затоа што Ривер плејт им помогнаво тоа и го совлада Рејсинг.

Бока јуниорс во последното коло од првенството играше против Индепендиенте и имаше сè во свои раце, но вечниот ривал им помогна без дополнителен притисок да го реши прашањето за трофејот.

Рејсинг мораше да слави против Ривер, а во судиското надополнување при 1-1 имаше пенал, но не го искористи, по што Ривер по некоја минута погоди за конечни 2-1.

Навивачите на Ривер не беа среќни што нивниот тим славеше против Рејсинг и така му дозволи на вечниот противник да дојде до уште една титула.