УФЦ 204: Биспинг го преживеа невозможното, па го одбрани појасот

    Средната категорија во УФЦ останува во Манчестер.

    Биспинг го победи Хендерсон со едногласна одлука на судиите.

    Англичанецот во првите 10 минути од борбата преживеа 2 бомби на Хендерсон, како и серија удари на подот, па на крајот успеа да го одбрани појасот.

    Биспинг по победата во реваншот им се заблагодари на навивачите на големата поддршка и му честиташе на 46-годишниот Хендерсон на одличниот настап.

    „Поздравете го овој човек, тој е легенда. Типот ме нокаутираше во нашиот прв натпревар.“

    „Најлош нокаут во историјата на УФЦ. Бев многу нервозен оваа недела. Погледнете ми го лицето..“