Навивачите бараат оставка, но Алегри не сака да чуе!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Јувентус вчера беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ), откако загуби на гостувањето кај Бенфика со 3-4.

Јувентус игра ужасно од почетокот на сезоната и во моментов има 10 бодови помалку од лидерот Наполи, па навивачите со право го покажаа своето незадоволство.

„Кориере дело Спорт“ објави дека навивачите побарале оставка од Алегри, но сепак италијанскиот стратег не сака да чуе за такво нешто.

„Ова не е дебакл. Постојат порази во фудбалот. Жал ни е и не сме среќни. Пристапот беше погрешен. Бевме слаби во одбрана, но мора да продолжиме да работиме за да дојдат добри резултати“, кажа Алегри.