Македонецот Ивановски ќе се бори за титула во Грција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во финале на турнирот во Ираклион, Грција откако денеска беше подобар од Андреа Гутиере од Италија со 7-6 и 6-3.

Ивановски налета на голем притисок од ривалот во првиот сет, но сепак го реши во тај-брејк со 7-5 додека во вториот сет помина полесно и со 6-3 обезбеди финале.

Македонецот за титулата во Грција ќе се бори против победникот од мечот меѓу Себастијан Гима и Павел Неједели.