Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо предизвика вистински земјотрес во соблекувалната на „Олд Трафорд“ бидејќи имаше интервју со Пирс Морган во кое без „влакна на јазикот“ зборуваше за случувањата во Манчестер јунајтед.
Роналдо кажа дека нема почит кон тренерот Ерик Тен Хаг затоа што се однесувал некоректно кон него, а исто така порача дека дел од раководството веќе некое време се обидува да го избрка од тимот.
На социјалните мрежи се појавија шпекулации дека Роналдо ќе добие парична казна од милион фунти поради интервјуто, но сега се шпекулира дека Португалецот би можел и да биде избркан од екипата.
Ветеранот на „ѓаволите“ најверојатно ќе има состанок со управата на тимот по Мундијалот во Катар на кој ќе се донесе конечна одлука за неговата иднина.