Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид бара освежување во одбраната на екипата затоа што Дани Карвахал и Лукас Васкез имаат над 30 години, а исто така Алваро Одриозола наскоро ќе си замине од тимот.
„Кралевите“ веќе имаат една желба, а тоа е дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар кој исто така привлече интерес и од каталонскиот гигант Барселона.
Каталонски „Спорт“ објави дека двата најдобри шпански тима во моментов водат преговори со Павар, кој е сè поблиску до заминување од Минхен.
Францускиот дефанзивец има 26 години и игра многу добро за баварскиот гигант со кој има договор до 2024 година, па следното лето може да му се намали цената.