Вучиќ: Очекувам нашите браќа Македонци да навиваат за Србија


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Нашиот северен сосед, Србија вечерва го почнува Светското првенство (СП) во Катар против еден од фаворитите за златниот медал, а тоа е Бразил.

Натпреварот се игра од 20 часот, а сите со нетрпение го исчекуваат дуелот, па дури и српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека се надева на поддршка од Македонците.

„Верувам дека нашите браќа Македонци ќе навиваат за Србија, како ние што навивавме за нив на Европското првенство“, кажа Вучиќ.