Драма во Катар: Иран со голови во 98 и 101-та минута го совлада Велс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иран во драматичен меч славеше против Велс со 2-0 на Мундијалот во Катар, а двата гола беа постигнати во судиското надополнување.

Велс имаше поголем посед на топката, но и помалку шанси, додека Иран напаѓаше и првиот гол го постигна во 16. минута, но истиот беше поништен поради офсајд.

Голема битка се водеше и во вториот дел, а Иран неколку пати ја погоди стативата на Велс, кој во 86. минута остана и без голманот Хенеси поради црвен картон.

Во судиското надополнување паднаа двата гола и тоа преку Чешми и Резаејан, кои стрелаа за прва победа на Иран на Мундијалот.

Англија и Иран имаат по три бода во групата Б, додека САД и Велс имаат по еден бод.