Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Португалија триумфираа со 2-0 против Уругвај во второто коло од Светското првенство (СП) и обезбедија место во осминафиналето, а двата погодоци ги постигна Бруно Фернандеш.
Португалските медиуми пишуваат дека нивната репрезентација ќе се жали на одлуката на ФИФА затоа што првиот гол најпрво му беше препишан на Кристијано Роналдо, кој очигледно не ја допрел топката по центар-шутот на Фернандеш.
Неговата реакција влијаеше врз реакцијата на голманот на Уругвај, а некои тврдат дека Роналдо ја зафатил топката со неговата коса.
Фудбалскиот сојуз на Португалија ќе бара од ФИФА да се промени одлуката и голот да му се запише на Роналдо.