Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судискиот совет во Основниот суд Скопје денеска донесе пресуда за обвинетите за убиството на ракометарот на Бутел, Денис Тот.
Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски беа прогласени за виновни за убиството на ракометарот, по што добија вкупно 52 години затвор.
Нападот врз ракометарот се случи на 7 април пред една дискотека во Градскиот парк во Скопје, а притоа Ѓорѓиевски и Левковска добија затворски казни во времетраење од по 18 години, додека Костовски доби затворска казна од 16 години.
Исто така, Судот им наложи на осудените да им исплатат на родителит на Тот по девет милиони денари, а на братот на Тот да му исплатат осум милиони денари во рок од шест месеци по пресудата.