Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра во одлична форма во Шкотска, па досега постигна 11 голови по 15 кола во првенството.
Миовски го дели првото место на листата со стрелци со Антонио Чолак од Глазгов Ренџерс, но вели дека приоритет му е успехот на екипата.
„Повеќе сакам да освоиме пехар со Абердин, отколку да бидам најдобар стрелец. Наша цел е да се пласираме во Европа и да бидеме во топ-3 во лигата“, кажа Миовски.