Ајви замина од МЗТ Скопје и потпиша за полски тим (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Били Реј Ајви неочекувано си замина од МЗТ Скопје и потпиша за Чарни Слупск од Полска, а трансферот беше потврден и на социјалните мрежи.

Американецот беше еден од најдобрите кошаркари на екипата од Аеродром, па сега МЗТ ќе мора да бара негова замена.

МЗТ неодамна се раздели и од Андреј Магдевски и Еван Максвел, па сега се наоѓаат во тешка ситуација пред важниот меч со Борац во АБА-лигата.