Тен Хаг заинтересиран за двајца напаѓачи кои блеснаа на СП во Катар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед наскоро планира да тргне по нови засилувања, а тренерот Ерик Тен Хаг на листата со желби ги додаде Коди Гакпо од Холандија и Гонзало Рамош од Португалија.

Гакпо и Рамош играа одлично на Светското првенство (СП) во Катар, па тие би можеле да бидат иднината на „црвените ѓаволи“ кои неодамна се разделија со Кристијано Роналдо.

„Правиме сè што е во наша моќ. Ја истражуваме секоја можност и ќе направиме сè за да ангажираме нови фудбалери. Не можам да коментирам за одредени фудбалери. Тие имаат договори и јас го почитувам тоа, но бидете сигурни дека бараме засилувања“, кажа Тен Хаг.

Гакпо е член на ПСВ Ајндховен и постигна три гола на Мундијалот, додека Рамош игра за Бенфика и запиша три погодоци во Катар.