Фиго е брутално искрен – го нападна главниот виновник за елимиинацијата на Португалија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалија повторно не успеа да се приближи до трофејот на Светското првенство (СП), а Луис Фиго го даде своето мислење по елиминацијата на неговата татковина од Мароко (0-1).

Кристијано Роналдо остана без пехарот на Мундијалот, по што се расплака и кажа дека е разочаран затоа што не успеале со неговите сонародници да ја израдуваат цела нација, а Фиго го знае виновникот за елиминацијата.

„Не може да го освоите Светското првенство со Роналдо на клупата. Ви успеа тоа против Швајцарија? Одлично, но може да го правите тоа секој меч? Не! Да се остави Роналдо на клупа беше грешка, селекторот и стручниот штаб се одговорни за ова“, кажа Фиго.