Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентина ќе игра против Хрватска во првото полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар, а Лионел Меси е блиску до трофејот кој му недостига во кариерата.
Меси е свесен дека нема да биде лесна задачата да ја победат Хрватска која е предводена од селекторот Златко Далиќ, кој пред четири години ги однесе во финале на Мундијалот во Русија.
„Хрватска е одличен тим и заслужува да биде во полуфинале. Ова ќе биде тежок натпревар затоа што Хрватите покажаа колку се добри. Одиграа израмнет меч со Бразил, а на некои моменти беа и подобри. Тие знаат што прават на теренот“, вели Меси.