Јаноне нема да вози и во Јапонија


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Дукати, Јаноне ќе ја пропушти наредната трка за ГН на Јапонија поради повредата на грбот од Мизан.

    Јаноне во пад на првиот тренинг доживеа скршеница на пршлен на патеката во Мизан, поради што лекарите не му дозволија да вози, иако тој го сакаше тоа.

    Бидејќи од трката поминаа скоро 3 недели, се очекуваше дека тој ќе биде подготвен за Мотеџи, но во соопштение на Дукати се наведува дека лекарите го советувале да почека уште неколку дена пред да се врати на патеките.

    Јаноне нема никој да го замени на патеката бидејќи листата на возачи е комплетирана, па Довициозо сам ќе го претставува Дукати на 15-та трка во сезоната.