Русија во вторник ќе ја напушти УЕФА?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалската федерација на Русија во вторник планира да ја напушти Европската фудбалска асоцијација и во иднина ќе игра натпревари во Азија.

Руската федерација се реши на ваков потег по санкциите кои беа наметнати на земјата поради војната во Украина.

Рускиот спорт доживеа голем удар бидејќи остана без настап на Мундијалот во Катар, како и квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.