Ливерпул нуди 100 милиони евра, но млада ѕвезда сака да се пресели на „Олд Трафорд“?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалските медиуми пишуваат дека Ливерпул ги почнал преговорите со Бенфика за талентираниот аргентински репрезентативец Енцо Фернандез, кој има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Бенфика не планира да се откаже од парите, а Ливерпул веќе испрати понуда од 100 милиони евра и ќе се обиде да го добие неговиот потпис, но сепак во пол-позиција е Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ биле подготвени да ја исплатат откупната клаузула и притоа да му ги понудат посакуваните услови на 21-годишниот фудбалер.

Тоа ќе биде огромна заработка за португалската екипа, која го купи Фернандез минатото лето за „само“ 12 милиони евра од Ривер плејт.