Роналдо пристигна во Саудиска Арабија (Фото)

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа стигна во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Роналдо денеска треба да биде промовиран како нов фудбалер на Ал Наср пред 30.000 навивачи, а во Ријад владее вистинска еуфорија поради доаѓањето на Португалецот.

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед за неговиот договор со Ал Наср треба да заработува по 200 милиони евра со бонуси годишно.