Јоветиќ се враќа во Англија, но не на Итихад?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црногорскиот репрезентативец, Стеван Јоветиќ би можел во летниот преоден рок да се врати во Англија.

Јоветиќ најверојатно ќе го напушти Интер бидејќи италијанскиот клуб нема намера да го откупи неговиот договор од Манчестер Сити.

Медиумите на Островот соопштија дека Арсенал одлучил да тргне по Јоветиќ после пропаднатите преговори со Варди, а е спремен да му плати на Манчестер Сити 13 милиони евра.

Наводно Арсенал не е единствениот клуб кој е заинтересиран за Јоветиќ. Црногорецот е на мета  ина Тотенхем и Спартак Москва.