Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси го потврди трансферот на Михајло Мудрик од 100 милиони евра, а газдата Тод Боели планира да ја засили екипата со уште неколку фудбалери во јануарскиот преоден рок.
Тренерот Грем Потер сака да купи двајца фудбалери од Брајтон, а изборот паднал на Леандро Тросар и Мојсе Каиседо кои играат во одлична форма оваа сезона.
Тросар не е во најдобри односи со тренерот Де Зерби и сака да си замине, а за неговите услуги е заинтересиран и Тотнем.
Потер го сака и Каиседо, кој игра на врвно ниво оваа сезона, но останува да видиме дали Челси ќе го добие неговиот потпис.
Челси во јануари веќе потпиша со Бадијашиле, Фофана и Жоао Феликс.