Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација го запиша и третиот пораз на Светското првенство (СП), откако денеска ракометарите беа немоќни против Аргентина (26-35).
Аргентина ја сакаше победата повеќе од Македонија и тоа можеше да се забележи уште во воведните минути кога создаде предност од 9-4. Македонските ракометари се обидоа да ја намалат разликата, но ништо не им успеваше во нападот, а лоши беа и во одбраната.
Во второто полувреме стана јасно дека Македонија не може да биде победник во овој натпревар, па Аргентина стигна и до +12 (33-21), меѓутоа резултатот на крајот беше 26-35.