Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вест хем и Евертон се во лоша ситуација во моментов и до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во Премиерлигата, а денеска еден од тренерите ќе ја загуби работата, но може да се случи и двајцата да си заминат.
Натпреварот е закажан за 16 часот, а пред дуелот двајцата тренери добиле ултиматуми дека мора да победат ако сакаат да ја задржат позицијата.
Вест Хем и Евертон имаат по 15 бодови по 19 одиграни меча, а толку има и последниот Саутемптон, па ќе се води голема битка до крајот на втората полусезона.
Пред нив се Бормут со 16, Вулверхемптон, Лидс и Лестер со 17, додека Нотингем Форест се наоѓа на 13. позиција со 20 бодови.