Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Милијардерот и газда на Твитер, Елон Маск се вклучил во трката за купување на англискиот гигант Манчестер јунајтед.
Семејството Глејзер даде рок уште четири дена да ги добијат понудите за премиерлигашот, по што ќе решат дали и на кого ќе му го продадат.
Досега понуда испратил најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф, но тој доби опасна конкуренција од Маск, кој има богатство од 168 милијарди долари.
Глејзер бара околу пет-шест милијарди фунти за англискиот гигант, па Маск не би имал проблем да го преземе клубот, но останува да видиме во следниот период што ќе се случи.