Познат чешки фудбалер призна: Не сакам да се кријам, геј сум!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Хетафе, кој е на позајмица во Спарта Прага, Јакуб Јанкто преку неговиот профил на социјалните мрежи откри дека не може повеќе да молчи и откри дека е хомосексуалец.

Јанкто кажа дека не сака повеќе да се крие и посочи дека е негово право со кого ќе биде во љубовна врска.

„Јас сум хомосексуалец и не сакам да се кријам. Сè има слаби или силни страни, имам семејство, пријатели. Играм фудбал на професионално ниво. Јас сум геј, не сакам да се кријам“, кажа Јанкто.