Барселона доби голем удар: Педри ќе пропушти осум натпревари!?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона одигра 2-2 против Манчестер јунајтед на „Камп Ноу“ во првото коло од нокаут-фазата во Лига Европа, но притоа го загуби и талентираниот Педри.

Тренерот Чави Ернандез дозна лоши вести по медицинските прегледи, кои покажаа дека Педри ќе паузира повеќе од еден месец, односно ќе пропушти од шест до осум натпревари.

Педри нема да биде на располагање против Кадиз, Манчестер јунајтед, Алмерија, Валенсија, Реал Мадрид, но и против Атлетик Билбао, а засега не е познат точниот датум на неговото враќање, иако се очекува да ги пропушти и следните два меча во Лига Европа доколку Барселона ги елиминира „ѓаволите“.