Зидан сака да му украде две ѕвезди на Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот тренер Зинедин Зидан најверојатно ќе седне на кормилото на ПСЖ во следниот период, а неговиот план бил да земе двајца фудбалери од Реал Мадрид.

Шпекулациите во медиумите стануваат сè почести, па се чека само вистинскиот момент кога Зидан ќе седне на кормилото на тимот од Париз.

„Ел Насионал“ пишува дека поранешниот тренер на Реал Мадрид сака да ги земе Карим Бензема и Ферлан Менди во Париз, ако наскоро го преземе тимот.

Засега не е познато кога би се случило тоа, но доколку Галтие продолжи со лошите резултати со ПСЖ, односно биде елиминиран од Лигата на шампиони, тогаш тоа ќе биде неговиот крај.