Навивачите на Ливерпул му се поклонија на Модриќ (Видео)

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ уште еднаш го покажа својот квалитет, иако се наоѓа пред крајот на кариерата.

Модриќ одигра важна улога во пресвртот на Реал Мадрид (5-2) на „Енфилд“, а потоа доби овации од навивачите на Ливерпул додека го напушташе теренот.

Хрватот веднаш реагираше на социјалните мрежи и им се заблагодари на навивачите за одличнат атмосфера во Англија.