Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан одигра 0-0 на гостувањето во Лондон кај Тотенхем и благодарение на победата од првиот меч (1-0) обезбеди четвртфинале во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што друштво ќе им прави и Баерн Минхен кој славеше со 2-0 против ПСЖ.
„Росонерите“ го отворија подобро мечот и имаа голема шанса во 19. минута, но Месиас беше непрецизен, по што Сон во 24. минута се закани кон голот на гостите.
Во финишот имаше драма, кога прво Хари Кејн испрати одличен удар, но истиот го одбрани Мајк Мањан, по што Милан тргна во контра-напад и погоди статива.
Баерн Минхен славеше со 2-0 против ПСЖ, а головите ги постигнаа Ерик Чупо-Мотинг и Серж Гнабри.