Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПСЖ загуби на гостувањето кај Баерн Минхен со 0-2 и така испадна од Лигата на шампиони (ЛШ), а коментар за натпреварот даде и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.
Карагер работи како стручен коментатор, а за ПСЖ кажа дека му е мило што испаднале од ЛШ.
„Воодушевен сум што испадна ПСЖ. Не ми се допаѓаат. Тоа не е тим. Трошат пари повеќе од било кој, а испаѓаат во осминафинале. Килијан Мбапе мора да го напушти Париз“, кажа Карагер.
Ова е петто испаѓање на ПСЖ во рана фаза од ЛШ во последните седум години.