Луд меч во Порто: Прво Думфрис го спаси Интер, па двапати се тресеше рамката од голот (Видео)

Интер се пласира во четвртфинале во Лигата на шампиони (ЛШ), откако издржа нивниот „бункер“ на гостувањето на „Драгао“.

Калчолигашот беше под голем притисок во завршницата од натпреварот и се спаси во последните минути од мечот, кога прво Думфрис спаси чист-гол, а потоа Тареми и Грујиќ ја погодија рамката од голот.

Италијанскиот гигант се спаси по цела драма и така се пласира во четвртфинале по долга пауза.