Анчелоти објасни зошто ја пуштиле химната на Ливерпул по мечот во Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 1-0 против Ливерпул на „Сантијаго Бернабеу“ и избори пласман во четвртфинале на натпреварувањето, а по мечот беше пуштена химната на премиерлигашот.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот зборуваше за потегот на клубот.

„На првиот меч во Ливерпул ѝ оддадоа почит на починатата легенда на Реал, Амансио. Мислам дека ова беше фер потег кон нив“, кажа Италијанецот.

Овој потег го поздрави и германскиот тренер Јирген Клоп, кој посочи дека Реал Мадрид е голем тим и бил среќен што играле против него во осминафиналето.