Македонија доби нови дресови пред почетокот на квалификациите за ЕП (Фото)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови со кои ќе ги почне квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Репрезентативците имаат три варијанти на располагање, а повторно дресот ќе го краси македонското сонце.

Една од промените е тоа што повеќе немаме жолта опција, туку воведени се црни и бели дресови, покрај основната, црвена варијанта.

Македонија првиот меч во квалификациите за ЕП го игра в четврток од 20 часот против Малта.