Анчелоти: Сакам да останам во Реал, на вистинско место сум во моментов!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека сака да остане во европскиот шампион Реал Мадрид до крајот на договорот, односно до 30 јуни 2024 година.

Италијанскиот стратег неодамна доби повик да го преземе Бразил, кој во моментов е без селектор, откако Тите доби отказ.

„На вистинско место сум во моментов, имам поддршка од фудбалерите и клубот. Јас одамна кажав каде сакам да бидам. Имам договор со Реал до 2024 година, сакам да го одработам до крај. А потоа? Ако Реал е среќен, ќе останам и по 2024“, кажа Анчелоти.

Реал во моментов е втор во Ла Лига со 12 бодови помалку од лидерот Барселона.