„Немој да заборавите, Милан сè уште е шампион на Италија!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан го декласира лидерот Наполи на стадионот „Диего Марадона“ со убедливи 4-0 во 28. коло од италијанската лига.

Последниот гол беше дел на талентираниот Салемакерс, кој со неколку одлични дриблинзи измами повеќе противнички фудбалери и погоди за 4-0.

„Во изминатите недели сите заборавија кој е Милан. Во Неапол покажавме кои сме, ги потсетивме сите дека сè уште сме шампиони на Италија. Ваков гол имам постигнато само на тренинг“, вели Салемакерс.

Милан и Наполи ќе се соочат уште двапати оваа сезона, и тоа во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).