Анчелоти како „Нострадамус“ – го погоди првото предвидување, а ќе успее ли и со второто? (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид го надигра вечниот ривал Барселона на „Камп Ноу“ со 4-0 и обезбеди финале во шпанскиот Куп.

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти на 18 февруари по мечот со Осасуна кажа дека на крајот на сезоната повторно ќе се видат и ќе го победи во финалето на Купот.

Анчелоти погоди дека ќе игра против Осасуна во Купот, а сега останува дали ќе го погоди и второто предвидување кое се однесува на Лигата на шампиони.

Тренерот на шпанскиот гигант кажа дека во финалето на елитното натпреварување ќе играат Реал Мадрид и Милан, а наскоро ќе дознаеме дали тоа ќе биде така.