Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лестер сити го претстави Дин Смит како нов тренер на екипата, а целта е да обезбеди опстанок во англиската Премиерлига.
„Лисиците“ претходно го отпуштија Брендан Роџерс поради лошите резултати, а во меѓувреме се водеа преговори со Џеси Марш и Рафаел Бенитез, но изборот падна на 52-годишниот Смит.
„Среќен сум што добив шанса да го водам Лестер. Предизвикот е јасен, а ние имаме искуство од вакви ситуации. Лестер има квалитет и доволно натпревари за да обезбеди опстанок“, кажа Дин.
Дин во минатото ги тренираше Норич, Астон вила и Брентфорд.