Милан доби лоша вест: Осимен се враќа за реваншот во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи на 18 април ќе го пречека Милан во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а лидерот од Серија А доби одлични вести пред натпреварот.

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети објави дека Виктор Осимен ќе биде стартер во реваншот против Милан.

„Да, Осимен ќе биде стартер против Милан. Знае како да се држи до топката и ќе го смени ритамот на натпреварот. Навивачите знаат дека е херој и секогаш ги радува со неговите настапи“, кажа Спалети.

Наполи во Серија А по 30 одиграни меча е на првата позиција со 75 бодови, односно 14 повеќе од Лацио.