Лапорта удри по Реал Мадрид: Тие се лицемери, а Барселона е невина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона, која пред два месеци ја потресе случајот „Негреира“, повторно ги отфрли обвинувањата за подмитување на судии.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта денеска имаше прес-конференција на која ја осуди кампањата која се води против каталонскиот тим.

Според обвинувањата, Барселона во период од 2001 до 2018 година уплатила повеќе од 7,3 милиони евра на сметка на Негреира, кој беше потпретседател на судиската комисија.

„Не можат ништо да докажат. Барселона е невина и немаше никакво кривично дело, како што покажа и нашата истрага. Сите знаат дека Реал Мадрид е миленик на судиите во историјата. Лицемерно е тоа што и Реал ја потпиша оваа тужба“, вели Лапорта.