Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот голман Борко Ристовски на денешната прес-конференција по повод суспензијата од Македонскиот олимписки комитет (МОК) најави дека ќе поднесе тужба.
Ристовски вели дека намерата не му е да заработи пари од МОК, туку средствата ќе ги донира на РК и ФК Вардар, ако ги добие во Лозана.
„Контактирав со неколку адвокати во странство и сите ми кажаа дека имам правна основа за тужба до Спортскиот суд во Лозана. Јас ќе го искористам тоа право. Мојата цел не е да се земат средства од МОК, тоа се средства од спортистите. Било кои средства што ќе ги добијам, ќе ги подарам на спортските клубови, РК и ФК Вардар“, кажа Ристовски.